| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Стив Џобс проговори за мрачната страна на татко и: Беше злобен и лош човек

Ќерката на Стив Џобс го опишува основачот на „Епл“ како злобна личност која успеала во животот.

Изјави дека неговото однесување било неподносливо за луѓето околу него – работниците, бизнис партнерите, но и семејството и пријателите.

Во книгата „Small fry” се сите нејзини сеќавања на успешниот татко, а излегува на 4 септември, а „Бизнис инсајдер“ ги пренесува деталите.

Најстарото дете на покојниот основач на „Епл“ (Apple), Стив Џобс, Лиза Бренан – Џобс, која ја добил на 23 години и го негирал татковството се додека не било тоа потврдено со ДНК анализа, изјавува дека заедно со нејзината мајка живеела во сиромаштија и оти нејзиниот татко ретко и посветувал внимание и после признавањето на татковството… Кога судот го присилил да плаќа алиментација, прво се обезбедил дека случајот против него ќе биде готов пред да го објави јавно Епл и да стане милтимилионер.

Во книгата меѓу останатото е и дека мајката на Лиза, Кристин Бренан не се чувствувала пријатно да ги остава сами бидејќи Стив Џобс наводно во една прилика со деветгодишната Лизи зборувал за тоа што го привлекува во интимните односи.

Кога како тинејџерка отишла да живее со него и забранил да ја гледа својата мајка шест месеци, а кога им се пожалила на својот татко и својата маќеа дека се чувствува осамено и ги замолила да и посакаат добра ноќ пред спиење, Стив Џобс и одговорил со зборовите „Ние сме ладни луѓе“.

Таа пишува дека Џобс еднаш за време на својот интимен однос со својата жена барал Лиза да биде во собата и да присуствува на “семејниот момент“. Во повеќе наврати и ги одземал парите и и зборувал дека нема да добие ништо од него. Кога Лиза станала активна во средното училиште и почнала да се натпреварува во студентската влада, татко и и замерил бидејќи не поминувала повеќе време со семејството. „Ова не функционира. Не си дел од фамилијата“ – и зборувал. Во еден момент соседите биле толку загрижени за Лиза што и помогнале да се отсели и да плати за колеџ.

Сето ова се извлечени наводи од книгата, чија суштина е дека Стив Џобс имал неверојатни постигнувања на полето на бизнисот, но исто така дека бил неверојатно злобна личност.

Сеќавањата на Лиза на тој период од животот драматично се разликуваат од сеќавањето на другата сопруга на Стив, Лорен Пол Џобс и неговата сестра, а самата Лиза изјави дека нејзе не и е целта да осудува, туку да му прости на својот татко и да продолжи понатаму.

„На крајот – дали неговите достигнувања ја надминуваат неговата злоба кон другите? Не знам. Знам дека често ги славиме луѓето поради нивните достигнувања без поблизок поглед за тоа какви се како човечки суштества и како нивните бизниси и лични амбиции влијаат на луѓето ширум светот“ – пишува неговата ќерка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top