| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто толку многу луѓе не го сакале Стив Џобс?

Покојникот Стив Џобс остави трага во општеството и во историјата како еден од основачите, а потоа и извршен директор на една од најуспешните компании на сите времиња, „Епл“. И денес, неколку години од неговата смрт, тој е синоним за иновација и успех, но многумина не го паметат по добро.

stiv

Нему му успевало дури и најблиските соработници да ги понижи пред пошироката публика, да ги доведе луѓето до солзи и кон сите генерално да биде груб. Многумина се прашувале дали тој во генијалец има траги на соционат или барем мегаломан.

Еднаш отпуштил многу луѓе без никакво предупредување. Кога еден од вработените го прашал дали може да добие две недели одмор, наводно, тој му одговорил „Добро, но се смета ретроактивно последните две недели“.

Кога еден производ „Мобил ми“ не ги дал очекуваните резултати, ги собрал сите вработени на „Епл“ и ги запрашал зошто не работи производот како треба. Тогаш, пред сите го отпуштил и шефот на проектот, и дури со пцост.

Негирал дека е татко на едно девојче многу години, приморувајќи ја нејзе и мајка и да живеат од државна помош.

За него се зборува дека „Лошиот Стив“ бил мрзоволен, непристоен, пакосен човек опседат со контрола. Ги понижувал вработените, си преземал заслуги за нешто што тој не го направил и го паметат како човек кој својот мерцедес го паркирал на место означено за лица со хендикеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top