Лиса Бренан Џобс (37) е првата ќерка на покојниот Стив Џобс, која ја добил со девојката со која бил во врска во средно училиште. Основачот на „Епл“ со години го негираше татковство, сѐ додека по судски пат не е утврдено дека Лиса е сепак негова ќерка. Ова беше и остана една од најголемите дамки во биографијата на легендарниот бизнисмен.
Стив ја запознал Крисејн Бернан, мајката на Лиса, во средно училиште во 1972 година. Беше тоа вистинска младешка љубов, а кога таа останала бремена, тој тврдел дека детето не е негово. Стив имал 23 години кога Крисејн на светот ја донесе малата Лиса, 1978 година, сама на една фарма во Орегон.
Џобс не бил покрај неа. Дошол неколку дена по раѓањето на бебето, за да ѝ помогне на Крисејн да му одберат име на девојчето и тогаш заминал и никогаш не погледнал зад себе.
„Не сакаше да има ништо ниту со мене ниту со неа“, кажала Крисејн подоцна за една од многубројните биографии за Џобс.
Основачот на „Епл“ со години негираше дека Лиса е негова ќерка. Дури на суд тврдел дека е стерилен и неплоден, а ја оставил Крисејн сама да се грижи за нивната ќерка.
Сепак, дека не е толку едноставно и дека сепак размислувал за ќерката, покажува и името што му го дал на неговиот прв компјутер. Погодувате, компјутерот го добил името „Лиса“, но Џобс продолжил да ги негира приказните, појаснувајќи дека тој компјутер нема никаква врска со девојчето.
„Лиса“ наводно бил акроним за „локал интергретед систем архитекчур“ , а тоа го тврдеа и вработените во „Епл“. Сепак, Џобс самиот на крајот признал дека компјутерот го именувал токму по ќерка му.
Стив ја признал Лиса дури откако по судски налог направил тест за татковство, каде е утврдено дека постои повеќе од 94 проценти веројатност дека токму тој е нејзиниот татко. Дека не е стерилен се покажа и подоцна, кога со сопругата Лорен Пауел добил три деца.
Судот му наложи да плаќа месечна алиментација во износ од 385 долари месечно што тој подоцна го покачи на 500. Го плати и школувањето на Лиса, а им обезбеди и стан во кој живееле без да плаќаат кирија.
Лиса за прв пат го запознала татко и во 1986 година.
„Мојот татко беше богат и почитуван, а подоцна кога го запознав почнав да одам со него на патувања, дури и живеев неколку години со него и тогаш запознав еден многу поинаков гламурозен свет“, кажала Лиса за „Вог“ во 2008 години.
Таа во средно училиште го додала и презимето на татко ѝ, а во 2000 година ги заврши студиите по новинарство. Денес е новинар, а работела во некој од највлијателните магазини, како што се „Вог“ и магазинот „О“ на Опра.
„Би сакал сѐ да сторев поинаку. Тогаш не можев себеси да се видам како татко и затоа не можев да се соочам со тоа. Се обидов да го сторам тоа што е исправно. Но да можев сѐ повторно да сторам, ќе направев далеку подобра работа“, изјави подоцна Стив.
Иако тој и Лиса подоцна биле во добри односи, фактот дека толку долго негирал дека ѝ е татко остана најтемната дамка во неговата биографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
И науката докажа: Жените не знаат да чуваат тајна