| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Спасувачка мисија во Сечуан

сечуанКатастрофалната поплава во кинескиот град Сечуан однесе најмалку 9 животи, а над 60 се водат како исчезнати. Обилните дождови што паѓаат од понеделникот загрозија над 1,45 милион жители во северозападниот планински дел на Кина, каде што одроните и поплавите се чести.

Вчера се спасени околу 2 илјади лица кои од одроните беа заробени во тунел, а британските медиуми објавија снимка на која се гледа спасувачка мисија за еден жител на Сечуан, додека низ улиците течат реки, а зградите наоколу се уриваат.

Пред 5 години Сечуан беше епицентар на земјотрес кој однесе 90 илјади животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top