| четврток, 6 декември 2018 |

Бен Афлек го допре дното – бившата жена лично го однесе на рехабилитација

Актерот и режисер Бен Афлек повторо им подлегна на пороците и се упати на рехабилитација од зависност од алкохол.

Неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер го убедила дека му треба помош и вчера лично го однесе Афлек во центар за рехабилитација во Малибу.

Папараците претходно ја фотографираа како видно вознемирена влегува во домот на Афлек. Актерот неколку дена претходно беше фотогрфиран како пречекува испорака на пакет алкохол пред неговиот дом во Брентвуд, Калифорнија.

Додека Афлек (46) се бори со зависноста од алкохол, неговата нова 22-годишна девојка, Плејбој моделот Шона Секстон, изјави во интервју дека омилена пијачка ѝ е „виски, цел ден“

Извори блиски до Гарнер велат дека актерката не е многу среќна што нејзиниот поранешен сопруг се забавува со помлада девојка, но дека сега е поважно тој да остане трезен за да биде добар родител на нивните деца, а не со кого се забавува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top