Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во вестите на телевизија Сител истакна дека и покрај потпишувањето на како што вели капитулантскиот договор со Грција, Македонија може да се соочи со блокада од нашиот јужен сосед во било која фаза од преговорите со ЕУ. Мицкоски забележа дека доколку во иднина македонската страна одбие да оствари било кое од непринципиелните барање на нашиот сосед, Грција ќе ја блокира Македонија на патот на нејзините европски интеграции, а Македонија ќе ја доживее судбината на Турција и нејзината европска интеграција.
-Еве ќе се вратиме на претходното прашање, ако го погледнете членот 8 и ако видите таму, можете лесно да заклучите дека станува збор за комисија која што евентуално би се формирала помеѓу двете држави, помеѓу Република Македонија и соседна Република Грција и таа комисија ќе треба да ја ревидира историјата, археологијата и образованието. Односно сето она што нашиот јужен сосед ќе го детерминира како иредентизам ние ќе треба или да го прифатиме или да го одбиеме. Ако го одбиеме, замислете си сме го почнале процесот за преговори со Европската Унија, веднаш стоп рампа ќе биде тоа, односно не можеме да напредуваме понатаму. Односно многу лесно ако ги одбиваме континуирано непринципиелните барања од нашиот јужен сосед, што е природно бидејќи нивниот иредентизам подразбира сето она каде што се употребува Република Македонија да се избрише. Еве најавија дека отприлика четири илјади економски оператори ќе треба својот назив да го променат, односно ако речеме ние не на тие преговори, они ќе речат не во процесот на преговори со Европската Унија, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)