| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните треба да ја знаат вистината, идентитетот не е зачуван, тој со договорот на СДСМ вековно се губи(видео)

-Граѓаните треба да ја знаат вистината од ова капитулантско дело кое што го потпиша Владата и тоа сме го кажале во низа наврати во минатото. Они кажуваат дека го задржале идентитетот, ние ќе се обидеме да кажеме дека тоа не е така. Идентитетот не само што не е задржан, но и е вековно изгубен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното негово интервју кое се емитуваше на телевизија Сител.

Тој во своето интервју потсети на периодот кога премиерот Зоран Заев се колнеше во татковината, во сопствените деца дека нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име.

Исто така Мицкоски го спомна и интервјуто на Заев, каде тој потенцира дека тој е претседател во зградата каде што на таблата пишува Влада на Република Македонија и дека тој нема да се сложи да се промени тој натпис.

-Но, сега се гледа дека нема да биде Влада на Република Македонија туку ќе биде Влада на Република Северна Македонија. Нема да биде повеќе „Македонска опера и балет“, туку ќе биде „Опера и балет на Република Северна Македонија“- додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top