На скандалите поврзани со работењето на власта на СДСМ им нема крај, како на централно така и на локално ниво.
Еден од низата примери актуелен деновиве е оној со Радовиш, каде градоначалникот на оваа општина, Герасим Конзулов призна дека во општината имало незаконско работење, односно дека бил правен криминал.
Со изјавата која последна ја даде тој самиот призна дека има незаконско работење, тој кажа дека постојат фирми кои работат без договор и со поништен тендер бидејќи нивната вредност е над 50.000 евра.
Тој изјави дека постојат фирми кои работат без договор и со поништен тендер бидејќи нивната вредност е над 50.000 евра.
-Со Геинг договорот, за изработка на техничка документација со некоја поголема вредност од околу 4-5 милиони денари, што се случи? Геинг работеле, осносно потпишале договор, работеле на многу проекти, но ни доаѓаат од јавни набавки и ни викаат дека има направено грешка. Се што е над 50.000 евра, мора да се распишува меѓународен тендер и договорот е паднат. Грешка е направена и сакаме што е можно побрзо да ја исправиме. Ние веќе месец дена имаме изгубено, рече градоначалникот на Седница на совет на општина Радовиш.
Ова признание на Конзулов е само уште еден од низата скандали поврзани со работата на СДСМ. Граѓаните веќе се навикнаа на дневна база да слушаат и гледаат скандали од страна на централната власт на СДСМ.
Дел од коментарите во јавноста се дека ова можеби и не е некое изненадување со оглед на начинот на работа на институциите кои се предводени од СДСМ во моментов, како што е Министерството за здравство, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за одбрана…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.