На денот кога започнува судењето на обвинетите граѓани, уметници, пратеници, а пред сѐ патриоти, за тероризам и загрозување на државниот поредок и безбедноста човекoт кој на тој ден впери оружје во тие луѓе во Собранието, личното обезбедување на министерот Оливер Спасовски, Сашо Тасевски, стапува на должноста директор на Бирото за јавна безбедност.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостување во „Топ тема“ на Телма уште утредента по настаните во Собранието излезе со тврдење дека тој ја дал наредбата да се пука и да се испровоцира гневот на граѓаните при вчерашните насилства во Собранието.
-Службеното лице е полицаецот Аце (по смената на власта Ацо Ангеловски беше поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР, н.з.), не е Саше тој со пиштол на сликата што држи надвор, ќе го препознаат гледачите, но Аце е другото службено лице, тоа се двајца полицајци, официјално обезбедување на поранешниот министер за внатрешни, останаа со Оливер Спасовски. Во еден момент вели јас сум полицаец, ја дига значката, ве молам отстапете дојдовме до животот на пратениците. Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати, рече Заев.
Ако на 28 април се прашувавме дали ќе има одговорност за полициските службеници, кои спротивно на процедурите барале одобрение од Заев да употребат огнено оружје во Собранието пред десетици луѓе, ризикувајќи ги нивните животи, денес го знаеме одговорот – полицаецот кој нишаниеше во народот денес е награден, од денес е директор на Бирото за јавна безбедност и има овластување да пука без да праша.
Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот кој извади огнено оружје во инцидентите во Собранието на 27 април, доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој изгоре во аферата “МВР Турс”.
Признание за полицајците кои ги бранеа Заев и Спасовски на крвавиот четврток
Инаку Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.
По смената на власта, Тасевски беше назначен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа во МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


