| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез ѕвезда на вечерта, како поминаа видео музичките награди на „MTV“ (Видео)

Вечерта која сите ја очекуваа се случи синоќа во Њујорк, кој беше домаќин на манифестацијата по повод доделувањето на видео музичките награди на MTV.

Стилски облечени и прекрасно нашминкани, многу познати личности кои беа дел од ова музичко случување беа во исчекување да освојат барем една награда.

Сепак, Камила Кабејо со „Havana“ ја освои наградата Видео на годината, но исто така и наградата Изведувач на годината.

Карди Би ја освои наградата за Најдобар нов изведувач, додека таа заедно со Џенифер Лопез и Диџеј Калед ја докажаа успешноста на големиот хит за Најдобра соработка за песната „Dinero“.

Ѕвезда на вечерта беше Џенифер Лопез на која ѝ припадна честа да ја прими престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award“, која им се доделува на музичари со големи постигнувања во светот на музиката и филмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top