| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 57. издание на Струшките вечери на поезијата

Со интерпретација на „Т’га за југ“ од Константин Миладинов пред домот на поезијата во Струга, палењето на фестивалскиот оган, како и со „Поетските меридијани“ на кои своја поезија ќе читаат поети од целиот свет свечено ќе биде отворено уште едно издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. На ова ќе му претходи садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на Златниот венец во Паркот на поезијата, после кое следува официјалната прес конференција со лауреатот.

ПРОГРАМА НА СВП 2018 ГОДИНА
22 – 27 август

Среда, 22.08.2018
10:00 Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“
– Парк на поезијата
12:30 Прес-конференција со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2018 година.
– Пијано бар – Хотел Дрим
14:00 Отворање на изложба на Маја Танева
– Лоби – Хотел Дрим
20:30 Официјално отворање на Струшки вечери на поезијата 2018
– Плато пред „Домот на поезијата“
21:00 „Поетски меридијани“ – Меѓународно поетско читање
– Плато пред „Домот на поезијата“
22:30 Свечен прием на учесницитe на СВП 2018 (со министерот за култура на Република Македонија)
– Летна тераса на Хотел Дрим

Четврток, 23.08.2018
10:00 Портрет на Михаил Ренџов, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година
– Пијано бар – Хотел Дрим
11:00 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“
– Пијано бар – Хотел Дрим
11:40 Доделување на наградата „Стојан Христов“ за најдобра поетска книга од поет-иселеник
– Пијано бар – Хотел Дрим
12:00 Симпозиум „Писмото во егзил/Егзилот во писмото“
– Пијано бар – Хотел Дрим
13:30 Портрет на Паули Тапио, лауреат на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО за 2018 година
– Пијано бар – Хотел Дрим
17:00 Поетско кафе – Средба со издавачи, агенти и професионални посетители – ВЕРСОПОЛИС
– Пијано бар – Хотел Дрим
18:00 Поетски портрети
– Пијано бар – Хотел Дрим
19:00 Омажи на Матеја Матевски, Лилјана Дирјан и Милан Ѓурчинов
– Пијано бар – Хотел Дрим
21:00 Поетски портрети
– Алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим (Галеб)
20:30 Поезија на пат – Прилеп
(Во соработка со Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп)
– Културен центар „Марко Цепенков“ – Прилеп
22:00 Поетски портрети
– Истек на реката Црн Дрим (Галеб)
23:00 „Кругови“1- Меѓународно поетско читање
– Истек на реката Црн Дрим (Галеб)
00:00 „Ноќ без интерпункција“
– Музичко – поетски перформанс
– Истек на реката Црн Дрим (Галеб)

Петок, 24.08.2018
10:00 „Матине“, меѓународно поетско читање
– Предворје на манастирската црква „Св. Богородица“, Калишта
12:00 Посета на пештерските цркви, Калишта
13:30 Прес-конфереција – прoгласување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ 2018 година
– Пијано бар – Хотел Дрим
16:30 Поетско кафе – презентација на поетски фестивали, концепти – Програма за професионални посетители
– Пијано бар – Хотел Дрим
18:00 Современа македонска поезија
– Пијано бар – Хотел Дрим
21:00 Поетски портрети
– Алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим (Галеб)
20:30 Поезија на пат – Битола
(Во соработка со културниот центар – Битола)
20:30 Поезија на пат Охрид – поетски портрет на Ги Гофет и промоција на книгата „Малку злато во калта“ во едицијата Плејади
– Куќата на Уранија – Македонска академија на науките и уметностите
22:00 Вечер на ВЕРСОПОЛИС
– Алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим (Галеб)
23:00 „Кругови“ 2
– Алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим (Галеб)
00:00 Ноќ без интерпункција
– Алтернативна сцена – истек на реката Црн Дрим (Галеб)

Сабота, 25.08.2018
10:00 Поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2018 година, Адам Загајевски
Модератор: Никола Маџиров
– Летна тераса – Хотел Дрим
11:30 Симпозиум „Изгубено/најдено во преводот“
– Пијано бар – Хотел Дрим
17:00 Излет до Охрид и разгледување на културните споменици во градот
20:30 Поетски портрет на поетот-лауреат на „Златен венц на СВП 2018“
– Црква „Св. Софија“, Охрид
22:30 „Созвучја“
– Плоштад во Охрид – сцена кај споменикот на Св. Климент

Недела, 26.08.2018
10:00 Излет до манастирот Св. Наум со брод и посета на изворите на реката Црн Дрим
13:00 Поетско читање
– Предворје на манастирот Св. Наум
15:30 In Vino Veritas: прогласување на најдобрата песна посветена на виното
16:00 Враќање во Струга со брод и поетско читање
20:30 „Мостови“, меѓународно поетско читање и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“.
– Мост на поезијата
00:00 Прогласување на добитникот на наградата „Енхалон“
– Прес-центар на СВП во Хотел Дрим

Понеделник, 27.08.2018
13:00 Поетско матине Матка
– Манастир Св. Андреја, Матка
20:30 Меѓународен поетски митинг, Скопје
–Плоштад „Македонија“кај Камениот мост.

И оваа година бројни реомирани поетски имиња ќе бидат учесници на најголемата книжевна манифестација во земјава.

ЛИСТА НА ПОЕТИ – СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА 2018

Adam Zagajewski / Адам Загајевски  (Poland / Полска)

Pauli Tapio / Паули Тапио  (Finland / Финска)

Mihail Rendzov / Михаил Ренџов  (Macedonia / Македонија

Ermir Nika / Ермир Ника   (Albania/Албанија)

Marisa Martínez Pérsico / Мариса Мартинез Персико  (Argentina / Аргентина)

John Mateer / Џон Матир (Australia / Австралија)

Mile Stojić / Миле Стојиќ  (Bosnia and Herzegovina / Босна и Херцеговина)

Vladimir Levchev / Владимир Левчев (Bulgaria / Бугарија)

Josef Straka / Јозеф Страка  (Czech Republic / Република Чешка)

Martin Glaz Serup / Мартин Глаз Серуп  (Denmark / Данска)

Guy Goffette / Ги Гофет (France/Франција)

Anne Seidel / Ане Зејдел  (Germany / Германија)

Danai Sioziou / Данаја Сиозиу    (Greece / Грција)

Shimon Adaf / Шимон Адаф  (Israel / Израел)

Indrė Valantinaitė / Индре Валантинаите  (Lithuania / Литванија)

Sainjargal Nachin / Саинжаргал Начин  (Mongolia / Монголија)

Morten Langeland / Мортен Лангеланд  (Norway/Норвешка)

João Luís Barreto Guimarães  / Жоао Луиш Барето Гимараиш  (Portugal / Португалија)

Cosmin Perta / Космин Перта (Romania / Романија)

Radmila Lazic / Радмила Лазиќ (Serbia / Србија)

Josep Pedrals / Жозеп Педралс (Spain / Шпанија)

Hussein Habasch / Хусеин Хабаш  (Syria / Сирија)

Ghayath Almadhoun / Гајат Алмадун  (Palestina/Syria/Sweden)

Ida Börjel / Ида Борјел   (Sweden / Шведска)

Adnan Özer / Аднан Озер  (Turkey / Турција)

Steven J. Fowler / Стивен Џ. Фаулер  (United Kingdom / Велика Британија)

VERSOPOLIS POETS/ ПОЕТИ ОД ВЕРСОПОЛИС

Tatev Chakhian / Татев Чакијан  (Armenia / Ерменија)

Tizano Fratus / Тициано Фратус  (Italy/Италија)

Yekta / Јекта (France/Франција)

Ana Brnardic / Ана Брнардиќ  (Croatia/Хрватска).

Добитник на „Златен венец“ на СВП е полскиот писател  Адам Загајевски и нему наградата ќе му биде врачена на затворањето на Фестивалот, а  добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ ќе биде соопштена на прес-конференција за време на фестивалот.

13.10.2014, Barcelona
Adam Zagajewski, poeta.
foto: Jordi Play

Овие 10 книги се најдоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018:
(според азбучен редослед на презимињата на авторите)
Зоран Анчевски – Небесна пантомима; Андреј Ал Асади – Под дервишовото сиќе; Ана Димишковска – Пресадување на ружата; Јордан Даниловски – Гласови; Јовица Ивановски – Остави ме да си доиграм; Јосип Коцев – Сега е најдолгото никогаш ; Филип Клетников – Стојач на работ; Јосип Коцев – Сега е најдолгото никогаш; Дарко Лешоски – И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека; Сузана В. Спасовска – Пеперутка од пепел; Јован Стрезовски – Ништо не е конечно

Во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 се следниве книги:
(според азбучен редослед на презимињата на авторите)
– Зоран Анчевски – Небесна пантомима;
– Андреј Ал Асади – Под дервишовото сиќе;
– Јордан Даниловски – Гласови;
– Јовица Ивановски – Остави ме да си доиграм;
– Сузана В. Спасовска – Пеперутка од пепел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top