Во рамки на фестивалот Струшки вечери на поезијата (СВП) денеска ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година.
Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик за периодот од 1 јуни 2016 до 31 мај 2017 година.
Во предворјето на манастирската црква „Света Богородица“ во Калишта ќе се одржи меѓународното поетско читање „Матине“. На фестивалот денеска ќе има презентација на Современа македонска поезија, како и Поезија на пат – Битола и Охрид, а ќе се одржи и Вечер на ВЕРСОПОЛИС, како и Музичко-поетски перфоманс во рамки на Ноќта без интерпункција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.