| четврток, 6 декември 2018 |

Поради неа се вратил од Австралија: Кој е сопругот на Елена Велеска кого таа го обвини за семејно насилство?

Откако медиумите почнаа да пишуваат дека е крај на бракот на Елена, таа молчеше се до вчера кога на својот Фејсбук ги потврди информациите дека покренала бракоразводна парница бидејќи насилството станало неподносливо.

-Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.

Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.

Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…

Животот за нас оди понатаму.

Ви благодарам на разбирањето и поддршката- напиша Велеска на социјалните мрежи.

Елена и Марјан Мирчески се во брак 11 години и имаат три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко, а за 9 – годишнината од бракот пејчката на сопругот му купи луксузен автомобил.

Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.

– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велеска во едно интервју, пренесува zenskimagazin.mk

Марјан, покрај трите деца со Велеска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

Велеска денеска упати сериозни обвинувања до човекот со кого често зборуваше дека има идиличен брак.

– Семејното насилство стануваше неподносливо – напиша, меѓу другото, таа на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top