Откако УХМР најави невреме во текот на денешниот ден, Град Скопје апелираше на вминателност и избегнување на одредени места на жителите на овој град.
„Апел до граѓаните поради најавеното невреме
По најавите од УХМР за поголеми врнежи на дожд, грмежи, засилен ветар и услови за град во попладневните часови во Скопската котлина, апелираме до граѓаните поради најавеното невреме во попладневните часови да го избегнуваат движење во Градскиот парк, парк шумата Водно и Гази Баба, како и движењето по патеки поккриени со дрвја.
Исто така, апел до возачите да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја и да ги избегнуваат подвозниците поради опасноста од можна појава на поплавување.
Кризниот штаб за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и е подготвен да интервенира за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме“, велат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.