Европското првенство во фудбал за 8 години ќе се игра во 13 градови на стариот континент, објави УЕФА. Има ли шанса меѓу домаќините на ЕП во 2020 година да биде и скопската убавица „Филип втори“ арена?
Одлуката ќе биде донесе во септември, следната година, а од УЕФА најавуваат дека ќе им дадат можност и на помалите земји да бидат домаќини и да ја почуствуваат убавината на ЕП.
Токму во 2020 година ќе биде и прославата на 60-годишнината од првото континентално натпреварување во Европа, а на турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации. УЕФА се откажа од првичната идеа, само две земји да го организираат натпреварувањето.
„Филип втори“ арена со мали корекции ги задоволува строгите услови на европската куќа на фудбалот и може да биде еден од терените на кои ќе се игра ЕП 2020. Скопскиот стадион е еден од најубавите на Балканот и меѓу најмодерните во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“