| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Илинден е дел од заедничката историја, да го оставиме популизмот (Видео)

Политичките интереси и голиот популизам да го оставиме сите на старна, изјави денеска Зоран Заев во врска со барањето на бугарскиот претседател Румен Радев кој вчера побара анекс на Договорот за добрососедство и извинување од македонски премиер.

„Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам или она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни, затоа што договорот за пријателство соработка и добрососедство го потврди тоа преку нашите потписи таму, но треба тоа да го нагуваме да го доградуваме“, изјави Заев.

На прашањето околу тоа чие е Илинденското востание премиерот вели:

Значи ние веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја. И тоа е дел од нашата заедничка историја“, пренесува „Телма“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top