| четврток, 6 декември 2018 |

Грција повторно гори, во тек е евакуација (ВИДЕО)

Две села на грчкиот остров Евиа се евакуирани поради шумски пожар пропратен со силен ветер.

Противпожарната бригада соопшти дека жителите на селата Контодеспоти и Ставрос во централните делови на Евиа, се евакуирани, пренесува „Ројтерс“.

На видеата објавени на социјалните мрежи може да се види како огнот „голта“ дрвја додека густиот чад се шири над шумата и морето.

Во пожарот во селото Мати, во близина на Атина во јули починаа 94 луѓе, а повеќе од 30 и понатаму се во болница поради повреди здобиени во пожарот на 23 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top