Белорусинката Волха Мазуронак стана неочекуван херој на ЕП во Берлин, откако и покрај драматичното крварење од носот и погрешната кривина во финишот, триумфираше на маратонот во германската престолнина.
29-годишната Белорусинка, која беше петта на Олимпијадата во Рио изгледаше удобно на првото место кога по само 30 минути трка од нејзиниот нос почна да тече крв. Таа успеа да го исчисти лицето, и полека да се ослободи од ривалките освен од Французинката Клеменс Калвин.
Пред последните стотина метри, Мазуронак направи грешка со погрешно свртување и Калвин успеа да ја стигне. Сепак, во драматичен финиш Мазуронак успеа да стигне до злато со време од 2:26:22.
topsport.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)