Хрватските бранители не дозволија Бајага да настапи на Денови на пивото во Карловац, па организаторот предложи наместо Бајага да настапи хрватскиот ска бенд Хладно пиво. Сепак, момците од Хладно пиво ја одбиле поканата да бидат замена за Бајага. Бајага беше воздржан и не ја коментораше одлуката на прганизаторот да потклекне на притисокот и да го откаже неговиот настап, но ја искоментира одлуката на Хладно пиво.
„Момците од „Ладно пиво“ се супер. Секоја чест. Да беше обратна ситуацијата и ние би постапиле исто. Шмеќеркси и колегијално“, изјавил Бајага.
Хладно пиво навеле дека дека не сакаат да бидат ничија замена.
„Бидејќи медиумите се распишаа дека наводно ќе свириме во Карловац на 3.9., одлучивме да ги разбиеме дилемите и трилемите: Можеби ќе дојдеме да испиеме по некое пиво, но нема да свириме, зашто не сакаме да бидеме ничија замена. Драги карловчани, се гледаме во друга пригода. На здравје!“, пишуваат членовите на Хладно пиво на официјалната страница на Фејсбук „пиејќи пиво во Северна Кореја“, а постот го илустрирале со песната „Ова е Балкан“ од Бајага.
Менаџерот на Бајага Гане Пецикоза се огласи со изјава дека Бајага не ни имал закажан настап за Денот на пивото, иако на службената страница на пејачот се рекламирал тој настап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


