| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола најавува пекол

Тренерот на европскиот шампион Баерн Минхен Пеп Гвардиола напоменува дека екипата мора напорно да работи во подготвителниот период како би можела да ги остварува неговите замисли кога ќе почне сезоната.

– Ниеден почеток не е лесен, па нема да биде ни овој. Претходните две недели напорно работевме, но пеколот допрва следува. Драго ми е што немаме проблеми со повредите и сите играчи се спремни за напорните тренинзи и подготвителните натпревари. Се случуваат грешки. тоа е нормално, но одиме чекор по чекор. – изваји Гвардиола.

Гвардиола седна на клупата на Баерн Минхен после најуспешната сезона во историјата на клубот. И годинава целта на тимот е освојување на сите три титули.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top