| четврток, 6 декември 2018 |

МВР објави снимка од големата акција: Уапсени седум момчиња-терористи

Македонската полиција објави видео од големата акција во која се приведени седум момчиња кои се бореле во Сирија и Ирак.

Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.

Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016), соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top