Сите се сеќаваат на убавата Хрватка Бланка Влашиќ која се натпреваруваше во скок во височина и на нејзините успеси на светските првенства и летните олимписки игри. Влашиќ е светска шампинка од Мундијалите во Осака (2007) и Берлин (2009), а зад себе има сребрен и бронзен медал од ЛОИ во Пекинг 2008 и Рио де Женеиро 2016 година.
По овие успеси Бланка се повлече од спортот и говори дека верата и го променила животот. За промените во својот живот таа говорела и на еден собир во Меѓугорје. Говорот траел 32 минути.
– Како и повеќето млади, и јас се одалечив од црквата и решив дека не ми е потребен Бог, дека сум доволна сама на себе. Се концентрирав на единствено нешто што ми беше важно, а тоа беше спортот. Мојата цел беше да бидам најдобра на светот. Живеев во една кутија каде што само една можност беше прифатлива, а тоа беше успехот. Се друго беше срамота, се друго беше вредно за плачење, за солци и ништо друго не ме радуваше освен онаа даска што останува на своето место, што не паѓа кога ќе скокнам – ја почна Влашиќ својата приказна, откривајќи дека секојдневно била многу строга кон себе во тие години.
– Имав се, но сега, од оваа перспектива со сигурност може да кажам дека тоа не беше се, бидејќи ако било така, јас ќе бев исполнета. Сега, кога сум далеку од сцената, кога нема аплаузи, сега се чувстувавм посигурно, поприземно, задоволно, иако и понатаму не се отажувам од моите соништа. Постои нешто во мојот живот што му дава смисла и поради тоа јас можам да се вратам на оној стар пат – рече поранешната светска шампионка во скок во височина.
Таа говорела и за тешката операција која ја минала, за форсирањето на телото, за тешкотиите со кои морала да се соочи, како и за најтешките моменти – кога поради инфекциите и компикациите ОИ морала да ги следеи дома, на телевизија, наместо да учествува. Го спомнала и разговорот со нејзиниот брат со кој подолго време не била во добри односи.
– На тој паркинг, на тоа пусто место, во тој разговор се случи мојата пресвртница. Одеднаш го чув неговиот глас кој го смени мојот живот од корен. Јас не го сакам изразот дека сум го пронашла Бога, бидејќи не можам да го пронајдам оној кој мене ме нашол прв. Повеќе го сакам изразот дека се присетив на Бог, својот спасител и создадател. Од тој момент, мојот живот повеќе не беше ист. Се исплакав. Отидов на миса, се исповедав и се причестив. Тоа беше моја прва миса после многу години и се сеќавам дека откако го примив Исус, се чувстував како да летам – раскажува Бланка.
Таа денес секој ден живее со Исус и смета дека е сосема друга личност.
– Сигурна сум дека Госод ми проговори, одземајќи ми го она што ми е најмило, за да ми покаже дека постои нешто што е подобро и послатко од победата. И во тој живот, каде што немаше место за ништо друго, Господ си го најде своето место – заклучи Влашиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)