Вооружена престрелка ги вознемири синоќа жителите во околината на Бит Пазар во Скопје. Повредени нема, полицијата пронашла само една чаура.
Синоќа околу 19 часот, како што информираат од МВР, дошло до вооружена престрелка помеѓу две групи кои се разминувале со возила, марки БМВ и „мерцедес“. Според полицијата во БМВ-то се возеле 28-годишниот Е.К. и осум години помладиот А.Х., идентитетот на патниците во „мерцедесот“ за сега е непознат за полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.