| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Австрија: Шокантна снимка ги прикажува поплавите кои уништуваат сè пред себе (видео)

На интернет се појави шокантна снимка од поплавата која денеска ја погоди областа Тирол по синоќешните поројни дождови.

Поради обилните врнежи, реките се излеале од коритата, а оваа драматична снимка ја направила жена чија куќа се нашла во страшниот водотек.
Додека водата поплавувала сè пред себе, на видеото се слуша жената како вреска, испаничена од глетката низ прозорецот.

Меѓу најтешко погодените е селото Петно ам Арлберг, кое се наоѓа близу границата со Лихтенштајн.
Сепак, претставниците на власта велат дека “за среќа никој не е тешко повреден во невремето”. Властите во Тирол распоредија 180 пожарникари за да им помогнат на граѓаните, а на терен веднаш по невремето излегоа и припадниците на безбедносните служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top