| четврток, 6 декември 2018 |

Чудовишни бранови ги голтаат бродовите и авионите – решен Бермудскиот триаголник (ВИДЕО)

Научниците веруваат дека ја решиле мистеријата на Бермудскиот триаголник – и не станува збор за НЛО или за чудовишта, пишува Хафингтон пост.

Станува збор за друг вид „чудовиште“ – чудовишни бранови.

Бермудскиот триаголник, исто така познат и како Ѓаволовиот триагoлник, е подрачје во Атлантикот, помеѓу Мајами, Бермуда и Порторико. Се тврди дека многубројни авиони и бродови исчезнале во ова подрачје во мистериозни околности.

Според „Енигмата на Бермудскиот триоаголник“ на британскиот Канал 5, научниците сега веруваа дека „мистериозните“ околности во ова подрачје, всушност, се огромни и опасни бранови.

Има бури од југ и од север, кои доаѓаат заедно. Во исто време доаѓаат и бури од Флорида, по што се формираат смртоносни бранови, тврдат научниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top