| четврток, 6 декември 2018 |

На Заев му било чест што му се поклонил на Гоце Делчев во Бугарија (ВИДЕО)

Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Благоевград заедно ја одбележаа 115-годишнината од Илинденското востание.

Двајцата премиери учествуваа на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.

Ова е втора заедничка прослава по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство меѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината присуствуваа и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top