| четврток, 6 декември 2018 |

Народот си го кажа своето: Анѓушев ги поведе гостинот од Америка и Бејли во Крушево да го гаѓаат со шишиња (ВИДЕО)

Вицепремиерот Кочо Анѓушев беше цел на свирежи, пцости и клетви за време на посетата на Крушево на чествувањето на Илинден. Заедно со него “настрада” и американскиот висок дипломат Метју Палмер кој со Анѓушев учествуваше на прославата на Илинден на Мечкин Камен.

Палмер и Бејли настрадаа покрај непожените од Владата.

Делегацијата на Владата, како и дипломатските гости меѓу кои беа американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли и заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кои учествуваа на одбележувањето на празникот 2 Август – Илинден, беа исвиркани денеска во Крушево.

Во делегацијата на Владата на Мечкин Камен присуствуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче.

Непосредно пред обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, собраните граѓани ја запеаја „Едно име имаме“, а додека траеше говорот во повеќе наврати го скандираа неговото име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top