Македонската фолк пејчака Виолета Томовска вечерва ќе настапи во рамките на манифестацијата „Илинденски денови“ заедно со групата „Фонтана“, со кои ја има дует песната „Битола бабам Битола“, како што е и насловен концертот.
Зад себе има огромен багаж, кариера достојна за почит, но и покрај тоа со години не се најде никој да организира концерт со кој би прославила еден од јубилеите.
-Имам снимено нови песни, но се сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце. Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт – вели Томовска.
извор: 7дена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.