| четврток, 6 декември 2018 |

Нов видеоспот и нов згоден фраер за Елена (ВИДЕО)

frame2806

Младата пејачка Елена Миленковска за летниот период промовира нова летна песна. „Дојди со мене“ е дело на познатиот тандем Цветковски, па братот Лазар се погрижи за музиката и аранжманот додека неговата сестра Магдалена го напиша текстот.

frame0647

За „Дојди со мене“, ексклузивката на „Горила продукција“ сними и спот кој повторно е во режија на Владимир Дади Ивановски. Видеото се снимаше на неколку локации кои „одземаат здив“ во Торони, Халкидики и во него се појавуваат и 15-тина манекенки од модното студио „Црнокрак“. За потребите на спотот во Грција од Скопје патуваше повеќе од 30-члена екипа, која се погрижи снимањето да помине во најдобар ред.

frame3471

Како и во претходниот запис главната улога покрај Елена ја има и младо и стројно момче. Ако во „Добар или лош“ тоа беше најдобриот македонски пливач Мартин Стефановски, сега улогата на фраер му пропадна на манекенот и топ модел Нинослав Милошевски.

Промоцијата на новиот видео запис ќе биде наскоро, а дотогаш Елена ви ја претставува „Дојди со мене“, песна за која вели дека навистина и „легна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top