| четврток, 6 декември 2018 |

Џиновски раце држат нов „златен“ мост во Виетнам (Фото/Видео)

Новоизграден мост во Виетнам, кој изгледа како да го држат две џиновски раце, ги одушевува посетителите со уникатната градба.

Овој мост е познат како „Златен мост“, се наоѓа на 1.400 метри надморска височина и е долг 150 метри.

Конструкцијата траела околу една година, а идејата е да се збогати туризмот во земјата.

Многумина се едногласни дека мостот изгледа како да е излезен од филмовите „Господарот на прстените“. Мостот беше официјално отворен во јуни оваа година.

femina.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top