| четврток, 6 декември 2018 |

„Флоријан“ носи нови врнежи и грмежи

Во текот на денешниот понеделнички ден под влијание на циклонот Флоријан  во текот на претпладнево ќе имаме умерено облачно време со сончеви периоди, топло и спарно. Можна е само ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Од пладневните часови па натаму ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат понтензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top