| четврток, 6 декември 2018 |

Делеле соба во Охрид: Србин ограбил Јапонец

Полицијата поднесе кривична пријава за жител на српскиот град Прешево, кој додека престојувал во хостел во Охрид ограбил јапонски државјанин.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од Прешево, Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 27 јуни во Охрид на улицата „Македонски Просветители” во хостел, пријавениот, во соба во која престојувал заедно со Т.Т. (37) од Јапонија, од него одзел мобилен телефон, лап топ, часовник и Ајпод по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

По преземени мерки, на 1 јули 2018 година во Скопје, пријавениот бил лишен од слобода. Притоа кај него биле пронајдени дел од предметите, кои потоа биле вратени на оштетениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top