| четврток, 6 декември 2018 |

Босанец пушел во авион: По принудно слетување, специјалците немале милост

Поради државјанин на Босна и Херцеговина кој што покрај тоа што не ги почитувал правилата, дури упатил и закани, патнички авион бил приземјен во Прага.

„Летавме околу еден час. Забележав нервоза кај стујардесите. Рекоа дека патник пуши цигари и дека авионот мора принудно да слета“, раскажал еден од патниците во авионот кој што летал од Сараево за Осло, пренесуваат босанските медиуми.

Патникот изјавил дека не забележал добро што се случува затоа што проблематичниот патник седел напред, но слушнал дека бил под влијание на алкохол и се заканувал дека ќе го запали авионот.

„Слетавме во Прага. На пистата веќе чекаа неколку полициски возила. Во авионот влегоа четворица специјалци и го изнесоа патникот“, додава тој.

За босанските медиуми, патникот кој што сакал да остане анонимен открил дека проблематичниот патник не им давал отпор на полицајците, ниту пак зборувал нешто додека со лисици на рацете го изнесувале од авионот.

„Не знам од каде е, но другите патници ми рекоа дека на аеродромот во Сараево говорел бошњачки“, раскажува тој.

Иако не е познато со точно каква казна ќе се соочи проблематичниот патник, досегашна пракса е за тие што не ги почитуваат правилата и пушат во авион, често ги плаќаат сите трошоци на авиокомпанијата за принудното слетување, добиваат забрана за летање со авион, или пак дури и завршуваат во затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top