Во полициска акција на две локации во Тетово и село Џепчиште изутрината биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници.
Како што информира МВР, денеска во периодот од 5:00 до 6:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско
санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на тетовското подрачје. Притоа на две локации во Тетово и во село Џепчиште биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници.
Лицата биле приведени во полициска станица по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведени странски државјанки во угостителски објекти
-
МВР го затвори кругот: Приведен и последниот осомничен за настаните од 5 април во Мала Речица
-
Решенијата за приведените ќе бидат објавени денеска: За пратениците се чека одлука дали ќе им биде одземен имунитетот
-
Осум приведени во акциска контрола за спречување продажба и ужување опојна дрога