Во акциски контроли на полицијата спроведени ноќеска во угостителски објекти во село Сараќино и Тетово се затекнати и приведени странски државјанки од Србија, Црна Гора и Албанија за злоупотреба на туристички престој и нелегално работење.
Во угостителскиот објект во Сараќино, сопственост на А.М. (36) биле затекнати осум женски лица од кои две државјанки на Македонија, четири од Србија, една од Црна Гора и една од Албанија. Во угостителскиот објект во Тетово, сопственост на М.Б. (37), биле затекнати 10 лица, од кои шест се државјанки на Македонија, две женски лица од Србија и две лица-гости од Албанија.
-Поради злоупотреба на туристичкиот престој и нелегална работа сите странски државјанки, како и двајцата гости од Албанија, биле приведени во Полициската станица Тетово, по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за понатамошна постапка- информира Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско
-
МВР го затвори кругот: Приведен и последниот осомничен за настаните од 5 април во Мала Речица
-
Решенијата за приведените ќе бидат објавени денеска: За пратениците се чека одлука дали ќе им биде одземен имунитетот
-
Осум приведени во акциска контрола за спречување продажба и ужување опојна дрога