| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Печката на „Југохром“ проголта 300 килограми дрога

Во печките на комбинатот „Југохром Фероалоис“ од Јегуновце, беше уништено поголемо количество запленето оружје и дрога кои потекнуваат од извршени кривични дела за кои веќе е донесена правосилна судска пресуда.

На оваа акција одржана по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје присуствуваа министрите за вантрешни работи и за правда, Гордана Јанкулоска и Блерим Беџети, како и претставници од повеќе надлежни државни институции.

Денеска беа уништении 345 парчиња оружје, во најголем дел автоматски пушки и пиштоли, гасни пиштоли и друго малокалибарско оружје како ловечки пушки, ловни карабини и воздушни пушки. Беа уништени и 226 килограми марихуана, нешто над 60 килограми хероин, околу 15.000 таблети екстази и помала количина кокаин.

droga oruzje unistuvanje silmak1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top