| четврток, 6 декември 2018 |

Шумски пожар кај Берлин: Опасност од експлозии на муниција од Втората светска војна (ВИДЕО)

Шумскиот пожар во близина на селото Фихтенвалд, оддалечено околу 35 километри од Берлин, моментно е под контрола, но ситуацијата е сè уште неизвесна поради неексплодираното оружје од Втората светска војна, велат властите.

Пожарникарите имаат тешкотии да влезат во боровата шума во близина на селото бидејќи има индикации дека е можно дел од муницијата како резултат на огнот веќе да експлодирал, па безбедноста на пожарникарите би била загрозена.

Како и во поголемиот дел од Европа, подрачјето на Берлин во последните неколку месеци е погодено од невообичаено топло и суво време, а властите предупредија дека ризикот од пожари е многу висок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top