Јавноста е сведок на тоа како судот во државата одлучува да ги сокрие тешките криминали кои се направени од луѓе кои се блиски до власта. Еден од нив е и случајот на градоначалникот на Ново Село – Боро Стојчев, кој беше фатен на дело како шверцува цигари во вредност од 5.5 милиони денари. За овој случај, судот одлучи да го преквалификува делото за кое треба да му се суди на Стојчев, и наместо да биде гонет за криумчење на непријавена стока, тој е обвинет само за „обид“ за криумчење. За фарсата да биде поголема, во струмичкиот суд се појави и личниот адвокат на Зоран Заев да го брани Стојчев. Поради тоа освен што беше преквалификувано делото, судот одлучи да му изрече затворска казна од само 1,5 година.

Сличен случај, јавноста памети во 2007 година, кога Станислава Чочоровска беше фатена како организира транспорт на 436 килограми кокаин и беше осудена на 14,5 години затворска казна. Иако беше стопиран транспортот на кокаин, тогаш на Чочоровска ` се судеше за недозволено поседување, тргување и шверц на наркотици, додека за градоначалникот Стојчев, делото експресно му се преквалификува во „обид“. Дали Чочоровска да беше фатена со пола тон кокаин кога владата на СДСМ и Зоран Заев е на власт, ќе одговораше само за обид за шверцување?
Јавноста посочува дека ваквите изречени казни се срам за судството. Исто така од луѓе кои се блиски до градоначалникот Стојчев велат дека тој и неговата сопруга и претходно биле осудувани за други дела. Тој во 2015 година е осуден на 2 правосилни судски пресуди. Едната е со парична казна, а другата е со условна затворска казна доколку делото не го стори во наредните 4 години. Неговата сопруга е правосилно осудена во 2013 година со парична казна.
Ова е само потврда дека партиските моќници кои се блиски до власта се заштитетни од судот кој е целосно партизиран.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште одамна предупредуваат за криминалите во кои тонат функционери кои се блиски до СДСМ. Тие велат дека власта со случаи како што е со градоначалникот Стојчев, се обидува да ги сокрие криминалите со кои се опфатени високите функционери на СДСМ како што се Зоран Заев, Анѓушев, Спасовски и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


