Концертот на Цукеро во Охрид наместо на Антички театар ќе се одржи во СЦ „Билјанини извори“ поради лошите времнски услови.
-Бидејќи ова лето си поигрува со нас, а на нас како организатори најбитни ни се безбедноста на публиката и на изведувачите, се одлучивме за единствениот логичен потег во моментов. Во договор со менаџментот на ZUCCHERO, се одлучивме концертот да го префрлиме во спортската сала “Билјанини извори”. Причина за тоа е дека во консултација со УХМР и според сите релевантни веб страници за временска прогноза, најавено е дека во периодот што следи нè очекуваат перманентни ветрови, дождови и грмежи во Охрид. Поради местоположбата на Античкиот театар, сите најавени временски услови прават огромен безбедносен проблем!, соопштија организаторите.
Информираат дека комплетната нумерација на билетите од Антички театар е префрена во СЦ “Билјанини извори” и сите што имаат купено карти за Антички, ќе им важат за новата локација со истата нумерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.