| четврток, 6 декември 2018 |

Неле Карајлиќ по пауза од 20 години повторно со концерт во Скопје

Во четврток од 20 часот, во МКЦ концерт ќе одржи познатиот босански музичар, актер, писател и режисер др. Неле Карајлиќ. Концертот е по повод отварањето на фестивалот „Таксират“.

Настанот се одржува токму на некогашниот југословенски празник Денот на републиката- 29 ноември, поради песната која Неле ја испеа со „Забрањено пушење“, „Дан републике“. Оваа година, Д-р Неле се врати на сцена со спектакуларен концерт кој го одржа пред повеќе од 40.000 посетители во Белград, а во Скопје гостува по пауза од повеќе 20 години со своевидно „патување низ времето“ на кое го претставува „целокупниот Неле“ и оној од „Забрањено пушење“ и оној од бендот „No smoking orchestra“ и некои нови остварувања.

Билетите во претпродажба се достапни во мрежата на МК тикетс по цена од 500 денари, а на денот на концертот, на билетарницата во МКЦ, нивната цена ќе биде 700 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top