| четврток, 6 декември 2018 |

Поради лошите временски услови Цукеро наместо на Антички ќе настапи во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид

Концертот на Цукеро во Охрид наместо на Антички театар ќе се одржи во СЦ „Билјанини извори“ поради лошите времнски услови.

-Бидејќи ова лето си поигрува со нас, а на нас како организатори најбитни ни се безбедноста на публиката и на изведувачите, се одлучивме за единствениот логичен потег во моментов. Во договор со менаџментот на ZUCCHERO, се одлучивме концертот да го префрлиме во спортската сала “Билјанини извори”. Причина за тоа е дека во консултација со УХМР и според сите релевантни веб страници за временска прогноза, најавено е дека во периодот што следи нè очекуваат перманентни ветрови, дождови и грмежи во Охрид. Поради местоположбата на Античкиот театар, сите најавени временски услови прават огромен безбедносен проблем!, соопштија организаторите.

Информираат дека комплетната нумерација на билетите од Антички театар е префрена во СЦ “Билјанини извори” и сите што имаат купено карти за Антички, ќе им важат за новата локација со истата нумерација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top