| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец со автомобил излетал од пат и удрил во бетон

Дваесет и седумгодишно момче од Скопје со автомобил излетало од улицата која ги поврзува регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ЈП “Дрисла“. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера вечер околу 23 часот, кога Е.З. (27) со автомобил „лада“ излетал од коловоз и удрил во одводна бетонска шахта за атмосферски води. Во автомобилот имало уште едно лице, кое заедно со возачот биле пренесени во болница.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top