Двајца мигранти загинаа, а еден е повреден откако воз удрил во нив во североисточниот дел на Грција.
– Возот на релација Александруполис – Орменио, долж грчко-турската граница удри во три лица кои се движеа по пругата. Две од нив починаа, а едно лице е повредено, се наведува во соопштението на полицијата.
Несреќата се случила во два одвоени инциденти, но причината е истиот воз. Машиновозачот прво пријавил една несреќа кога возот удрил во две лица, од кои едното загинало. Возот продолжил да сообраќа и прегазил уште еден човек.
Мигрантите откако илегално ќе ја преминат турската граница во Грција се движат по пругата во текот на ноќта.
Не се соопштени националноста и идентитетите на мигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција