Поранешниот фудбалер Никола Трипуновски и ракометарката Јасмина Андонова направија свадба во скопскиот ресторан „Wedding House“, сопственост на Никола.
Младенците велат дека тоа не било класична свадба, туку заедно со 400 гости направиле журка, а гостите ги забавувале групата „Арија“ и пејачот Боби Павловски.
Бидејќи и двајцата се спортисти, неминовно било високите потпетици во вториот дел од свадбата да се заменат со патики, пишува порталот 7dena.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.