| четврток, 6 декември 2018 |

Започна изградбата на браната ,,Конско“

Започна изградбата на браната „Конско“, најголемата капитална инвестиција во земјоделството во последните 10 години. Вкупниот износ на инвестицијата е над 2,4 милијарди денари. Ова решение ќе овозможи наоднување на 8.000 хектари плодно обработливо земјиште, односно пет пати поголема површина отколку досега.

На денешниот настан, заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, присуствува и градоначалниците од околните општини . Овој проект е од исклучително значење за граѓаните од гевгелискиот регион, но и за сите граѓани на Македонија, вели министерот Николовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top