| четврток, 6 декември 2018 |

Задолжителниот стана консултативен: Заев излажа и за референдумот (ВИДЕО)

„И се знае дека волјата на граѓаните е највисока и таа се почитува на крајот и затоа да, референдумот ќе биде задолжителен, не консултативен.“

„Во услови кога Собранието треба да донесе некоја исклучително важбна одлука за иднината, потребно е референдумот да биде консултативен со цел граѓаните на Република Македонија да бидат консултирани за вака важно прашање пред да се донесе одлуката.“

Две крајно спротивставени изјави, во ист општествен контекст, од истиот човек дадени во распојание од две недели.

На седница на пратенички прашања, во Законодавниот дом, одговарајќи на прашање на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев ја даде првата изјава. Две недели подоцна, си го погази зборот, го погази Парламентот и ја промени лентата.

Референдумот не смее да биде консултативен


Професорката Билјана Ванковска објаснува каква е разликата меѓу консултативен и задолжителен референдум и зошто овој референдум, за името на државата, во овие околности, со оваавладејачка гарнитура, не смее да биде консултативен.

„Консултативнот референдум значи дека граѓаните само се прашуваат за мислење (се консултираат), но конечната одлука ја носи парламентот по свое наоѓање – што значи, може хипотетички да одлучи и обратно од она што го порачале граѓаните. Накусо, убаво би било да добијат одговор каков што сакаат, ама и ако не го добијат – ќе си решат по свое!
Обврзувачкиот референдум ја прави одлуката задолжителна, т.е. онака како што одлучиле граѓаните, така мора да постапи парламентот.
Тоа што „лидерите“ се решиле за консултативен референдум, не менува ништо во поглед на нашето однесување – бојкот е единствена демократска и чесна позиција. Но, покажува дека се кукавици и дека се плашат од народот – знаат дека нема да им помине.
Но, во двата случаи референдумот е успешен само ако излезат 50%+1 гласач. Неуспешниот консултативен референдум ќе треба да значи крај на натамошната постапка за промена на Уставот во Собранието, но со овие ајдуци и тоа не е сигурно. Ако кршат Устав секој ден, зошто би почитувале вакви одредби? Очигледно е дека насилнички решиле да ја протуркаат работата и не знам што прави ВМРО во парламентот сè уште!?“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top