Американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање обврската на САД да ги брани другите членки на тој воен сојуз.
Тој изјавил дека ангажирањето на САД во одбраната на некоја мала земја, каква што е на пример Црна Гора, би можело да доведе и до Трета светска војна.
Во интервју за Фокс њуз на крајот на европската турнеја во текот на која учествуваше на самитот на НАТО, ја посети Британија и се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин во Хелсинки, Трамп зборуваше и за функционирањето и финансирањето на западниот воен сојуз.
На прашањето на новинарот зошто неговиот син, имајќи ја во предвид обврската на секоја членка на НАТО, би ја бранел на пример една Црна Гора, Трамп изјавил дека и тој си го поставува истото прашање.
„Црна Гора е мала држава со многу силни луѓе. Тие се многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе, можеби ќе станат уште поагресивни и ви честитам – во Трета светска војна сме! – навел Трамп.
Тој додал дека сфаќа дека тоа е начинот на кој се поставени работите и потсети дека дошол на функцијата пред нешто повеќе од една година но веќе обезбедил додатно финансирање за НАТО.
„Реков – мора да платите, мора да платите“ – изјавил претседателот на САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


