| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот млазен авион „Хурџет“ претставен на авиосаем во Велика Британија

Млазниот авион од турско производство наменет за обука „Хурџет“ е претставен на овогодишниот Меѓународен саем во Фарнбороу, во околината на Лондон, јави агенцијата Анадолија.

Турската индустрија за авијација и вселена (ТУСАС) го произведе „Хурџет“ во рамките на Проектот за развој на млазен авион за обука и давање поддршка.

На Саемот беше претставен прототип на млазниот авион „Хурџет“, кој се очекува многу наскоро да изврши пробни летови, а пуштањето во употреба на ова летало е планирано за 2023 година.

Должината на авионот ќе биде 13,4 метри, крилата ќе имаат распон од 11 метри, а висината на опашката ќе изнесува четири метри.

На Саемот биле претставени и беспилотните летала АНКА и хеликоптерот „T-625 Озгун“. Исто така, на Саемот е извршен и показен лет на хеликоптерот „Атак T-129“, кој е најголема извозна ставка во одбранбениот сектор на Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top