Кристијано Роналдо беше специјален гостин на грузиската Влада, заедно со Андриј Шевченко, на промоцијата на фудбалската Академија во оваа земја. Домаќин на двете големи фудбалски ѕвезди им беше грузискиот премиер Иванишвили и поранешниот играч на Милан, инаку Грузиец, Каха Каладзе.
Присуството на „CR7“ и на Шевченко, предизвика огромно внимание во Грузија, а во чест на отворањето на академијата беше одигран и пријателски натпревар меѓу Динамо Тбилиси и Динамо Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


