Анастасија Ражнатовиќ на 15 јули ја екранизираше својата прва песна под името „Совршен пар“, а спотот за неполни три дена има повеќе од два милиони прегледи на Јутјуб.
Ќерката на Цеца Ражнатовиќ постојано преку социјалните мрежи им се заблагодарува на фановите и публиката за поддршката, а тоа што фолк-ѕвездата го напишала за својата ќерка е и повеќе од трогателно. Цеца во една реченица кажа се, а пораката која ја посвети на својата наследничка ја објави на инстаграм.
-Фала што ме направи да бидам најгордата мајка на светот, напиша фолк-ѕвездата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.